Најбараниот летен фустан сокрива се’ што ќе посакате: Светот полудел кога го облекла Меган Маркл!

Одлична нијанса и крој

Меѓу другото, кројот е идеален за покривање на вишокот по породувањето

Вчера, на хуманитарниот кралски натпревар во поло во Лондон, се собрале омилените членови од британското кралско семејство, војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл со сопрузите и децата.

Многумина не очекувале да се појави војвотката од Сасекс, со оглед на тоа што официјално се’ уште е на породилно отсуство, посветена е на синот Арчи и на враќањето на некогашната фигура.

Сепак, Меган ги воодушевила сите со своето појавување, а најмногу со модниот избор.

Имено, за оваа прилика таа одбрала долг ленен фустан со А крој, кој го крие сето она што една жена сака да го скрие на телото.

Маслинестата боја на фустан со потпис на Лиза Мери Фернандез, феноменално прилегала на нејзиниот тен, но женствениот појас со панделка кој доаѓа со фустанот, Меган го оставила дома, за да го скрие стомачето кое се’ уште не се повлекло.

https://www.instagram.com/p/BzxMB5FHMql/?utm_source=ig_embed

Така, фустанот останал широк, а пријатниот лен, познат како најдобар материјал за летните горештини, на новата мајка и’ го направил престојот во природа уште попријатен.

Откако Меган го облекла фустанот, тој речиси веднаш станал најбараниот летен фустан на Интернет.

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.