Најбараниот фустан за лето 2020: Удобен, елегантен, шик!

Моден класик

Откако пред неколку дена го облекла Меган Маркл, неговата побарувачка скокнала за повеќе од 200%

Белите ленени фустани се моден класик, кој никогаш нема да излезе од мода, а откако во еден таков неодамна се појави Меган Маркл, според податоците на модната платформа Lyst, нивната побарувачка скокнала дури за 233%!

Со миди ленениот фустан обула балетанки од американскиот бренд Sam Edelman кои исто така се пробиле високо на листата на најбарани модни парчиња, како и сламениот шешир на Џенис Леоне, кој го носела во таа пригода.

Ленот е идеален материјал за летно време, пријатен е и прозрачен. Во облека од лен кожата дише, бидејќи тоа е природен материјал, што значи дека помалку се потиме во него. Фустаните од лен, па уште и во бела боја која помалку привлекува сонце, налето се наметнуваат како совршен избор.

https://www.instagram.com/p/CC2DqBQAlOB/?utm_source=ig_embed

Единствената мана е тоа што ленот лесно се гужва, но и тоа ќе продолжиме да го гледаме како дел од неговиот шарм. Ленот и не треба да биде совршено испеглан, а кога е малку истуткан, помек е и понежен за кожата и е попријатен за носење.

Фустанот на Кејт Мидлтон е вистински хит оваа сезона и ѝ прилега на секоја фигура (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.