Викторија Бекам ретко прави утка со облеката за специјални пригоди, а со најновиот изглед ја оправда титулата „кралица на модните изданија“.
Дизајнерката Викторија Бекам е позната по своите елегантни комбинации. За големите настани, таа избира скромни, но привлечни парчиња облека и ретко греши при изборот на истите.
Сепак, оваа модна икона знае да си поигрува со актуелните трендови, особено кога сака да го изненади својот сакан сопруг – легендарниот фудбалер Дејвид Бекам.
Така, неодамна преку видео му покажа на светот како се подготвува за вечерно излегување со саканиот, со детален опис на секое модно парче.
Ова е ултимативно парче облека за излегување…Мојот топ е толку сензуален и ненаметлив. Инспириран е од парче од 1990-тите, но со мал пресврт на класичниот крој во смокинг. Го комбинирав со сатенски панталони со висок струк и додадов ѓердан… Совршен за Денот на вљубените“, напишала Викторија и додала:
„На Бекам ќе му се допадне“.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, стајлингот на Викторија не му се допадна само на Дејвид, туку и на нејзините обожаватели.
View this post on Instagram
Вистинска божица“, „Убава, а сепак толку елегантна“, „Убавина“, се само дел од комплиментите упатени до познатата дизајнерка.
Видео: Инстаграм