Моќно издание: Ева Лонгорија во бел фустан што ефектно го обликува струкот!

Елеганција!

Славната актерка била ѕвезда на хуманитарната вечера

Ева Лонгорија (44) привлекла големо внимание во елегантна тоалета на хуманитарната свеченост на организацијата „Global Gift Foundation“ во Марбелја.

Американската актерка на црвениот тепих зачекорила во фустан со миди-должина што ја следи линијата на телото, при што дошла до израз нејзината беспрекорна фигура.

Овој модел со својот крој по малку потсетува на корсет, а горниот дел без прерамки давал деколте со срцевидна форма.

Но фустанот на Ева изгледа поудобно од корсет, а како единствен украс на фустан заблескале трите големи копчиња.

Ефектното издание актерката го заокружила со црвени сандали на тенка висока потпетица, додека од модни додатоци одбрала тркалезни обетки и дискретни прстени.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.