Модни правила на Ана Винтур: Еве во кои прилики никогаш не смеете да носите џинс!

Третиот совет ќе ве изненади!

Следете ги овие совети на модната уредничка на американскиот „Вог“

Познатата модна уредничка Ана Винтур (69) важи за најмоќната жена во светот на модата, а нејзините стилски совети се слушаат и ценат без приговор.

Освен што владее со модната индустрија, некрунисаната кралица на модата со препознатлива паж фризура негува беспрекорен стил на облекување, па модните критичари не се осмелуваат ништо да и’ замерат.

Во нејзиниот гардеробер, како и на јавните појавување, преовладуваат елегантни фустани, блејзери, капути, како и високи потпетици.

Со оглед на таквиот начин на облекување, ретко кој би можел да ја замисли облечена во фармерки.

Меѓутоа, уредничката на американскиот „Вог“ открила дека обожава да носи џинс, но никогаш не го носи во следниве прилики…

За посета на Бакингемската палата и Белата куќа, како другите официјални места каде што џинсот е исклучително непожелен.

Кога би го пренеле таквото правило на условите на обичните луѓе, тоа би значело дека никогаш не би требало да носите фармерки за време на посета на претседатели на држава и кралски семејства, формални, деловни или семејни собири.

Меѓутоа, третата ситуација многумина ги изненадила. Ана открила дека не смеете да носите џинс во ситуација кога треба да се запознаете со родителите на вашиот избраник.

Секако, веднаш се поставува прашањето што да правиме ако токму првата средба со потенцијалните свекор и свекрва е планирана на некој излет, во природа или на спортска манифестација?

Таа советува дека панталоните и тоа како доаѓаат предвид, но одберете некој опуштен модел со широки ногавици или здолниште-панталони, во зависност од вашата фигура.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.