Модна лекција од Анастасија Ражнатовиќ: Нема поубав и поедноставен фустан од овој – секоја жена треба да го има!

Погледнете

Им стои на сите жени, без оглед на градбата

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ, секогаш мами поглед со својот изглед, каде и да се појави, а така било и на отворањето на модното ателје на Наџе Павиќ.

За оваа пригода ќерката на Цеца одбрала хит-модел на фустан кој секоја година нѐ освојува кога ќе пристигнат топлите денови.

Станува збор за бело фустанче со цветен дезен и со безвременски карнери во бохо-стил.

Деталите од тантела на рабовите и „паф“ рамената му даваат на овој фустан дополнителна доза на префинета елеганција, а Анастасија со него обула едноставни беж сандали со вкрстени ременчиња и кожена чантичка во идентична нијанса.

Што се однесува до фризурата, Анастасија повторно се определила за заводливи кадрици, кои во последно време се нејзин избор број 1.

Дали ви се допаѓа овој стајлинг на ќерката на Цеца?

Стајлингот на Анастасија Ражнатовиќ е за чиста десетка: Ќерката на Цеца го прошетала најмодерниот модел за претстојната сезона
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.