Модна икона: Хајди Клум во фантастичен фустан покажала што е добар стил!

Раскош и елеганција!

Нејзиниот моден избор е за чиста десетка!

Модната недела во Њујорк започнала, а познатите дами почнале да се натпреваруваат со модните комбинации. За време на овој спектакуларен моден настан, многу е важно каков впечаток ќе остават познатите убавици.

На модните ревии и на црвениот тепих може да се видат најразлични стајлинзи, од феноменални до потполни модни катастрофи.

https://www.instagram.com/p/B2LIpRcBNnm/

Онаа што дефинитивно ретко кога прави погрешни избори, дефинитивно е Хајди Клум. И овој пат воодушевила кога зачекорила на црвениот тепих на еден од приемите. Сите гледале воодушевено во нејзиниот фустан, а причината е повеќе од јасна.

https://www.instagram.com/p/B2KVFDLp0HP/

Таа со својот избор објаснила како една холивудска убавица треба да изгледа.

Фустанот на прв поглед изгледа обично, но кога зачекорила, тој ги открил нејзините совршено извајани нозе. Додека Хајди самоуверено чекорела, црвениот фустан се разигрувал наоколу и предизвикувал восхит кај сите присутни.

Црвената боја е вистински есенски хит, па не е ни чудно што од модните критичари добила само пофалби.

https://www.instagram.com/p/B2KUh_6JyYN/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.