Модерен капут и прескапи патики: Вака изгледа спортската комбинација на Брижит Макрон

Првата дама на Франција!

ФОТО: Profimedia

За оваа ултра-модерна минималистичка комбинација добила само пофалби, а ја понела со многу стил

Првата дама на Франција Брижит Макрон има изградено специфичен моден стил, па често можеме да ја видиме во модерни војнички капути кои одлично стојат на сечија градба.

Со нив најчесто комбинира тесни панталони или фармерки и високи потпетици. Втор избор и’ се мини здолништата поради кои медиумите често ја критикуваат, бидејќи сметаат дека не прилегаат на нејзините години.

ФОТО: Profimedia

Меѓутоа, Бриџит со задоволство носи и патики, кои имавме прилика да ги видиме неколку пати досега, а оние што таа најчесто ги одбира се моделот од нејзиниот омилен бренд „Луј Витон“.

ФОТО: Profimedia

Овој пат се одлучила за спортска комбинација, со оглед на тоа што присуствувала на хуманитарен фудбалски натпревар. За оваа ултра-модерна минималистичка комбинација добила само пофалби, а ја понела со многу стил.

Бриџит одбрала бел капут со два реда копчиња, тесни фармерки и обична бела маица, а на нозе имала тегет патики со потпис на Луј Витон.

ФОТО: Profimedia
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време