Моден гламур низ призмата на нашите инстаграм-ѕвезди

Блеснаа!

Запознајте се со Стефанија Кржеска, Анастасија Димеска и Ангела Василевска

Гламурозните креации на Nana и блескавиот накит на Swarovski уште повеќе ја нагласија уникатноста на инфлуенсерките, кои оставија посебен печат на изборот U&Z Influencer Awards. Запознајте се со нашите ѕвезди: Стефанија Кржеска, главна победничка Influencer Star, и Анастасија Димеска и Ангела Василевска, добитнички на признанието Rising Stars.

Стефанија Кржеска

ФОТОГРАФИРАЊЕТО Е МОЈАТА ПАСИЈА

„Mоментално целосно сум посветена на студиите на Правниот факултет во Скопје. Но на секоја дваесетгодишна девојка ѝ треба слободно време што ќе го исполнува со активности што ја прават среќна, а за мене тоа е фотографирањето. Најголема инспирација добивам од другите инфлуенсери на Инстаграм, постојано разгледувам кој што прави и се обидувам да применам некои од нивните трикови во моите објави. Во иднина би сакала повеќе да се посветам на блогерството.“ (@krzheska)

 

Ангела Василевска

КОЈА Е ТАА?

„Која е Ангела? Ангела е дваесет и двегодишна апсолвентка на Институтот за социјална работа и политика при Филозофскиот факултет во Скопје. Покрај тоа, веќе неколку години работам како сертифицирана шминкерка, а се занимавам и со моделство и редовно учествувам на избори за убавина.“

 

САКАМ ВЕДРИ ЛУЃЕ

„Ме инспирираат ведри луѓе, подготвени за соработка и за нови нешта во животот. Ме инспирираат луѓе што не се откажуваат, знаат што сакаат и целат кон тоа. Сметам дека многу е важно да најдеме мир во себе, бидејќи тогаш можеме да бидеме најкреативни и да станеме најдобрата верзија од себе.“ (@angela.vasilevska.5)

Анастасија Димеска

ИДНА СУПЕРМОДЕЛКА

„Завршив средно економско училиште, а сега студирам на Природно-математичкиот факултет, отсек туризам, но се занимавам со моделство веќе пет години. Обожавам да се фотографирам. Деновите ми поминуваат во фотографирање и договарање фотосесии. Во иднина дефинитивно се гледам како моделка, но ќе пробам да успеам и во областа на туризмот.“

ИНСТАГРАМ-ПРОФИЛ СО ЦЕЛ

„Инстаграм-профилот го користам за да им покажам на луѓето дека од ништо може да се направи нешто и дека може да се заработи од него. Инстаграм многу помага во изградбата на свој личен стил, но и во добивањето различни информации. Покрај тоа, најмногу сакам да им пренесам на моите следбеници дека можат да бидат тоа што се.“

МОЈАТА МОТИВАЦИЈА

„Мотивација добивам од моите. Баба ми беше мојата најголема мотивација, која, за жал, почина. Таа ми даваше поддршка за сето тоа што го правев, а сега научив дека понекогаш во животот ќе морам да ги правам работите сама. Сепак, знам дека таа е тука до мене и дека се гордее со мене. Оваа помисла ми служи како огромен поттик да успеам уште повеќе.“ (@dimeska.a)

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: Александар Вржалски

Шминка: Владимир Трајковски

Локација: Танцов клуб „Сонриса“

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време