Мирка Федерер воопшто не е скромна: Сите се шокирале кога виделе колку чини нејзиниот часовник!
Ужива во луксузот
Мирка Федерер носи часовник од половина милион долари, иако никогаш не би го помислиле тоа!
Мирка Федерер секогаш му била поддршка на својот сопруг и го бодрела од трибините за време на сите важни мигови во неговата кариера. Иако Роџер Федерер се пензионира, тие и понатаму уживаат во тенисот и ги следат сите актуелни случувања во овој спорт.
Така, ни оваа година не го пропуштиле Вимблдон, но овој пат сите очи биле вперени во Мирка, а не во легендарниот тенисер. Имено, таа ги воодушевила сите со својата појава, модната комбинација им се допаднала на многу дами, но ни тоа не било во фокусот. Сите останале без текст кога виделе каков моден додаток носи сопругата на Федерер на раката.
Во оваа пригода таа го покажала својот специјален „ролекс“ Day-Date Emerald 228396TEM, изработен од платина. Инаку, тоа е еден од најскапите „ролекси“ некогаш направени.
View this post on Instagram
Рамката има 50 дијаманти, а бројчаникот има осум дијаманти и два смарагда. Исто така, датумот и бројките се направени во истата зелена боја за да одговараат со рамката. А кога ќе прочитате колку изнесува неговата цена, ќе ви се заврти во глава. Убавата Мирка за него издвоила дури 485.000 долари!
Нема сомнеж дека Мирка го обожава ненападниот стил, но зачинет со скапоцени парчиња.
Коментарите се заклучени.