Минимализмот е новиот летен тренд! Заборавете на бохо-стилот и јаките бои!

Не морате веќе со часови да размислувате што ќе облечете

Летото обично се поврзува со бохо-стилот: макси-фустани или шорцеви, сламени шешири или турбани, слоевити алки и ѓердани…

Ова лето се случи пресврт! Трендсетерките го променија летниот колорит и преминаа во сите нијанси на беж, а притоа се ослободија и од сите вишок детали, но и дезени. Летот одеднаш доби ново руво: минимализам.

https://www.instagram.com/p/CBgFDA0KbRR/?utm_source=ig_embed

Елементите не се комплицирани, но се апсолутно промислени. Се стекнува впечаток дека апсолутно секое парче од плакарот оди едно со друго, а нашите омилени трендесетерки изгледаат како да се слободни и како да уживаат во животот, наместо со часови да си ја трескаат главата пред огледало.

https://www.instagram.com/p/B_RliAhAIg0/?utm_source=ig_embed

Па, за каква гардероба се работи? Палетата е неутрална. Силуетата е или предимензионирана или тесна (најмногу поради ребрестите ткаенини кои се неизоставни). Материјалот е природен, дополнителен плус е ако е рециклиран или од органско потекло. Ленот го држи почесното високо место, како и пуплинот, бидејќи без белите кошули овој концепт не постои, а исто така и свилата.

https://www.instagram.com/p/BxuwInGITMt/?utm_source=ig_embed

Струкот е висок, фармерките секогаш се светли. Сите костими за капење паѓаат во сенката на еднобојните црни модел од еден или два дела, а заеднички им се ретро-линиите и високите изрези (асиметријата исто така високо котира).

https://www.instagram.com/p/CBImdcNHI_i/?utm_source=ig_embed

Обувките главно се рамни, бидејќи ниту една од овие жени нема да се најде во ситуација да му робува на еден пар чевли – или на ниска потпетица. А тука се и златните акценти, од кои највпечатлив е златниот синџир.

https://www.instagram.com/p/CBm-ks8HG5-/?utm_source=ig_embed

Доколку сте подготвени за позрела и посвежа варијанта на летото – таа конечно пристигна. А ние ви носиме неколку модни комбинации како инспирација…

https://www.instagram.com/p/CAphP39g-Ok/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CBlGcKnhH0Z/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CAaof-4Bb6R/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CBBK6Cpn9Cg/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B-prPPcFdCi/?utm_source=ig_embed

„Слип“ фустаните уште еднаш го освојуваат модниот трон: Еве како да ги носите како вистински трендсетерки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.