Секоја жена мора да има еден ваков пар за да си го олесни животот
Славните личности, кога и да не знаат што да обујат, го извлекуваат овој едноставен и елегантен модел обувки од плакарот. Со нив нема грешка, бидејќи не одвлекуваат премногу внимание, а одат со секоја комбинација, без оглед на сезоната. Овој тип обувки, поточно сандали, се достапни во безброј бои и никогаш не излегуваат од мода.
Кога станува збор за блескавиот холивудски црвен килим, познатите личности се под притисок постојано да понудат нешто ново. Никако не смеат да го облечат истото парче двапати (иако некои актерки како Кејт Бланшет успешно ја имаат совладано уметноста на повторување на облеката).
Стилистите на ѕвездите од А-листите имаат задача да создаваат бескрајни модни моменти за јавноста, а тоа подразбира пронаоѓање нови фустани, дизајнери или додатоци. Но ако ги проучите сите тие модни комбинации, ќе забележите одредени испробани парчиња што одново се појавуваат и повторуваат.
View this post on Instagram
Сандали со ремчиња: Херои на секој изглед
Најдобрите (и најносените) обувки на познатите личности се елегантните сандали кои се припиваат за стапалото. Во последно време, познатите дами ги фаворизираат тенките високи потпетици кои го обвиваат глуждот, од брендови како „Кристијан Лобутин“, „Џими Чу“ и „Џанвито Роси“ или од поновите брендови како „Амина Муади“ или „Феме ЛА“.
„Стапалата убаво изгледаат во нив, а тие не го одвлекуваат вниманието од вашата облека – туку ја надополнуваат“, рекла основачката на „Феме ЛА“, Џенис Тело, за своите популарни минималистички модели што ги носат сите, од Хејли Бибер до Сидни Свини.
View this post on Instagram
Дали чевлите со ремчиња се најинтересните и најреволуционерните обувки што некогаш постоеле? Дефинитивно не, со оглед на тоа што се најбараниот модел уште од 1990-тите, кога ѕвездите како Џенифер Анистон и Гвинет Палтроу редовно ги носеле.
Фактот што толку долго го издржале тестот на времето сведочи за нивната сестраност – добро се вклопуваат во речиси секоја модна комбинација.
View this post on Instagram
Опуштено и суптилно чувство на гламур
Јасно е зошто и денес се толку популарни. Модерните трендсетерки како Ајо Едебири, Хејли Бибер и Џена Ортега редовно ги вклучуваат во сите свои стајлинзи, а има и зошто. Овој модел на обувки ве охрабрува да се фокусирате на другата облека, а истовремено нуди суптилно чувство на гламур (и малку дополнителна висина).
View this post on Instagram
Модата деновиве генерално е во исклучително опуштено расположение, а едноставните потпетици се во согласност со трендот на дискретното облекување. Секако, одвреме-навреме се појавуваат по некои диви и откачени обувки, но во голема мера, тоа се само брзо минливи моменти.
ФОТО: ИНСТАГРАМ