Меланија во фустан од 3.700 долари: Овој модел прилега на сечија градба, ги крие вишокот килограми и го нагласува струкот!

Погледнете!

Меланија Трамп не престанува да воодушевува со своите модни избори

Првата дама на Америка ја покажала својата завидна фигура во миди-фустан во тегет боја без ракави, кога заедно со својот сопруг Доналд Трамп ги угостила премиерот на Израел и неговата сопруга во Белата куќа.

Меланија за оваа свечена пригода облекла фустан од модната куќа „Прада“. Фустанот со миди-должина во тегет боја со бел вез, совршено ја истакнала совршената фигура на првата дама, која не престанува да ја воодушевува јавноста со своите паметни модни избори.

Елегантното но шик издание, Меланија го надополнила со бели салонки со висока потпетица.

Фустанот со А-крој секогаш е сигурно решение, без разлика дали сакате да ги скриете вишокот килограми или да го нагласите струкот. Меланија знае дека со ваков крој не може да се погреши, па често се одлучува токму за овој популарен женствен модел.

Како и обично, првата дама не претерала со накитот, но ни со шминката. Сенчените очи и светлиот кармин се нејзин заштитен знак, како и пуштената коса со светли прамени што се преливаат.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата Словенка?

Доказ дека Меланија Трамп може да облече што и да посака: Бел фустан во кој сè се оцртува!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.