Меланија Трамп во „црнина“ ја напушти Белата куќа (ВИДЕО+ФОТО)

Елеганција во движење

Бившиот американски претседател Доналд Трамп и првата дама на САД Меланија, ги напуштија Белата куќа и Вашингтон.

Да се ​​биде ваша прва дама беше моја најголема чест. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка. Ќе бидете во моите мисли и молитви. Бог да ве благослови. Бог да ги благослови вашите семејства. И Бог да ја благослови оваа прекрасна земја. Ви благодарам”, рече Меланија Трамп во својот проштален говор.

 


Нема сомнение дека стајлингот на убавата Словенка, која важи за икона на стилот, за последниот ден во Белата куќа бил многу внимателно избран, и сигурно е дека тој ќе остане добро запаметен! Таа беше облечена во црно палто „шанел“, црно здолниште, високи потпетици на Кристијан Лубутен, косата ѝ беше собрана во елегантен кок и едноставно зрачеше со софистицираност.

 

Стајлингот го надополни со црна чанта „биркин“, црни ракавици и  темни очила за сонце.

 

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.