Меланија Трамп во плишени потпетици: Заблескала како што само таа умее!

Совршена комбинација

Првата дама на Америка по којзнае кој пат докажала дека има беспрекорен стил

Меланија Трамп (49) во совршена модна комбинација ги угостила во Белата куќа претседателот на Гватемала Џими Моралес и неговата сопруга Патрисија Марокуин, заедно со сопругот Доналд.

Првата дама на Америка дошла во кариран капут од славната француска модна куќа Клое со контрастна јака во бела боја.

https://www.instagram.com/p/B6N5l1rlSac/

Стајлингот го искомбинирала со чевли на еден од нејзините омилени модни дизајнери Кристијан Лобутин. Станува збор за легендарниот модел Pigalle Follies во бургунди боја со потпетица од 10 сантиметри.

https://www.instagram.com/p/B6N6xWtlq9l/

Интересно е што потпетиците се направено од мек и свиленкав италијански плиш.

Со оглед на тоа колку е осетлив тој материјал, ваквите модели на обувки не е препорачливо да се носат на врнежливо време, па дамите што претпочитаат сомот, секогаш го чекаат сонцето за да ги пробаат.

https://www.instagram.com/p/B6N4vvmlLWP/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.