Меланија Трамп во кошула што никогаш не излегува од мода: Ја обожава и Викторија Бекам!

Едноставно, а ефективно!

Како и секогаш, Меланија воодушевила со својот моден избор

Меланија Трамп, првата дама на Америка, никогаш не греши кога е во прашање модата, а нејзините модни решенија се вистинска инспирација.

Добро познато е дека убавата Словенка има одличен моден стил и со леснотија ги комбинира парчињата облека.

Модните експерти се сложуваат дека оваа атрактивна бринета е една од најдобро облечените први дами, па честопати ја нарекуваат единствената вистинска наследничка на легендарната Џеки Кенеди.

Меланија Трамп во Вашингтон се сретнала со директорот на ONDCP, Џим Керол од американскиот Одред за национална политика на контрола на дрога, на тема стратегии за борба против злоупотреба на наркотици.

Како и секогаш, елегантната Меланија воодушевила со модниот избор на кој не може да му се најде мана. Згодната бринета играла на карта на минимализам и овој пат тоа се покажало како добитно.

 

Таа искомбинирала туника од темен тексас со два џебови и украсен раб со потпис на Викторија Бекам, со беж „цевка“ панталони, а дополнително го нагласила витиот струк со ремен од тексас.

Омилените потпетици со потпис на Кристијан Лубутин во неутрална беж боја убаво го заокружиле овој дневен изглед за петка.

Истата тексас кошула/туника која може да се комбинира на многу начини ја носела и самата дизајнерка Викторија Бекам во јуни минатата година.

Овој софистициран изглед го заокружила со беж сандали и добро стилизирана коса со благо навиткани краеви и дискретна шминка.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време