Меланија Трамп во комплет што му прилега на сечие женско тело: Ненадминлив дезен и крој!

Освојува со изгледот

Откако во Белата куќа организирала традиционално дарување на децата за Ноќ на вештерките, 51-годишната Словенка, Меланија Трамп, присуствувала на свечениот настан на Ејми Конет Барет, откако американскиот Сенат ја прогласил за нова главна судијка во Врховниот суд

Американската прва дама Меланија Трамп и овој пат воодушевила со изгледот.

Откако минатиот викенд заблескала во модел на капут со боја на теракота со потпис на италијанската модна куќа „Прада“, овој пат се одлучила за комплет со дезен на рибина коска.

Краткиот блејзер со нагласени рамена и соодветно здолниште со висок струк, 50-годишната Словенка успеала да ја истакне својата совршена фигура и уште еднаш да докаже дека е една од најдобро облечените први дами во светот.

Споменатиот комплет е дело на прославената италијанска двојка „Долче и Габана“, позната по создавање модни парчиња кои особено ѝ ласкаат на женската фигура.

Како ви се допаѓа овој изглед на првата дама на Америка?

Меланија Трамп во јакничка што ќе биде хит есенва: Го нагласува струкот и идеална е за прелазниот период!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.