Меланија Трамп уште еднаш ги оставила модните критичари без здив: Вака треба да се облекува една прва дама!

Полн погодок

Уште еднаш докажала дека со право ја нарекуваат кралица на стилот

Меланија и овој пат успеала да ги воодушеви модните критичари. Нејзината модна комбинација и овој пат била оценета со чиста десетка.

Сè уште актуелната прва дама на Америка ја дочекала елката која и оваа година ќе биде посебно украсена. Декорирањето на Белата куќа секогаш е посебен и спектакуларен настан, а сите со нетрпение чекаат да видат како ќе изгледа таа за време на Божиќните и Новогодишни празници.

Меланија овој пат одбрала капут кој повеќе потсетува на пелерина во црно-бела боја. Ова е проверена комбинација на бои која на сите одлично им стои. Моделот потсетува на костимите од 1950-те години, па ѝ дал дополнителна доза на женственост.

Стајлингот го надополнила со црни длабоки чизми и кожени ракавици во истата боја. Косата, како и секогаш, ѝ била совршено стилизирана, а првата дама не криела и дека ужива во денот, па не ја симнувала насмевката од лицето.

Како вие би го оцениле ова модно издание на Меланија?

Меланија во центарот на вниманието: Дали ова издание ѝ прилега на првата дама? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.