Меланија Трамп со причина доминира на модната сцена: Бел фустан и цветен мантил што секоја жена би го посакала!

Моден погодок!

ФОТО: EPA / Shawn Thew

Уште една потврда зошто првата дама на Америка ја носи титулата модна икона

По неколкуте еднобојни, да не речеме монотони комбинации, првата дама на Америка, Меланија Трамп, повторно воодушевила на моден план.

Убавата Словенка отпатувала со сопругот Доналд Трамп на Флорида, каде што ќе ги поминат велигденските празници.

ФОТО: AP / J Scott Applewhite

Меланија одлучила да отпатува на нивното омилено место во одлична пролетна модна комбинација, па облекла бел фустан до колена, врз кој наметнала прекрасен пролетен цветен мантил.

Едноставната, но многу впечатлива комбинација ја заокружила со салонки на висока потпетица во пастелно портокалова боја, која оваа пролет е апсолутен тренд.

ФОТО: EPA / Shawn Thew

Што мислите вие? Дали би ја ископирале оваа комбинација на Меланија?

ФОТО: EPA / Erik S Lesser
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.