Меланија Трамп прави совршени модни избори: Првата дама на Америка изгледа неверојатно гламурозно!

Погледнете

Малиот црн фустан е незаменлив дел од женскиот плакар, бидејќи совршено прилега во секоја пригода

Малото црно фустанче е одличен адут и за деловен состанок и за коктел-забава. А на неговата магија не можела да одолее ни Меланија Трамп. Првата дама на САД одбрала црн фустан до колена за свеченото обележување на годишнината од терористичкиот напад со украдени патнички авиони на Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата Пентагон во Вирџинија.

Со сопругот присуствувала на свеченоста по повод обележувањето и сеќавањето на 19-годишнината од рушењето на авионот Јунајтед Ејралјнс на летот 93.

Малиот црн фустан го искомбинирала со наметка со долги ракави во иста боја со ременот што ѝ ја стегнал половината, а целото издание го надополнила со црни потпетици.

https://www.instagram.com/p/CFDgKgqgdxP/

Меланија Трамп обожава дизајнерски чевли, па ни овој пат не можеле да одолее да не одбере секси пар високи потпетици.

Меланија Трамп обожава класични парчиња: Првата дама на Америка му е верна само на овој модел!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.