Меланија Трамп никогаш не била поженствена: Жена со беспрекорен стил!

Модна победа!

Првата дама на Америка ја воодушевила јавноста кога се појавила во розов капут, за каков што многу жени сонуваат

Меланија Трамп неодамна им се вратила на службените должности и повторно покажала феноменална модна комбинација.

Убавата Словенка заедно со сопругот Доналд Трамп го дочекала претседателскиот пар од Колумбија во Белата куќа, а за оваа прилика одбрала прекрасен розов капут за кој една просечна жена може само да сонува!

Впечатливиот капут Princess of Wales (инспириран од покојната Дијана, која ја носела титулата принцеза од Велс), со потпис на луксузната модна куќа „Фенди“, се одликува со пепито дезен, како и со крзно околу рачните зглобови, а неговата цена изнесува повеќе од 3.500 долари.

Од детали, Меланија додала само ремен на капутот и облекла салонки со високи потпетици во беж боја.

Кога сме кај модата, исто така воодушевила и првата дама на Колумбија, Марија Хулијана Руиз Сандовал, која допатувала во Америка во црно-бел фустан со долги ракави и модерно предимензионирано сако во небесносина боја, кој го искомбинирала со црни шпицести чевли и прекрасна бела чанта.

Чиј стил ви се допаѓа повеќе? На Меланија Трамп или на Марија Хулијана?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.