Меланија пристигнала во Франција со стил: Никој не очекувал ваква модна лекција

Како изгрејсонце!

Сите занемеле кога Меланија стигнала на францускиот аеродром

За цел свет важна вест е дека почна самитот Г7, но за модниот свет од пресудно значење е тоа што Меланија Трамп пристигнала во престолнината на модата.

Во авионот за Франција, првата дама на Америка се качила облечена во црно-бело сако од модната куќа Шанел, за во текот на летот да се преслече и во Франција пристигнала како зајдисонце – во интензивно жолт фустан.

Овој цветен фустан од Келвин Клајн чини 530 долари, а Меланија го облекла со розови потпетици на Лобутин и темни очила за сонце.

Светските медиуми пренесуваат дека Меланија воодушевила и оставила одличен впечаток кога се појавила рамо до рамо со својот сопруг Доналд Трамп на францускиот аеродром.

Однапред се радуваме на нејзината средба со првата дама на Франција, Брижит Макрон, и на нивниот моден дуел!

ФОТО: Instagram

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време