Меган Маркл во тесни фармерки, беж салонки и кошула, која е распродадена во рекорден рок (ВИДЕО)

Неочекуван деловен стајлинг на војвотката од Сасекс

Војвотката Меган Маркл пред три месеци на свет го донесе својот син Арчи, но веќе им се врати на своите деловни обврски. Имено, таа во рамките на хманитарната организација што ја води со принцот Хари, а во соработка со организацијата Smart Works , почна проект со кој им помага на невработените и загрозените жени да се вратат во работна средина.

Како изгледа дел од нивната работна атмосфера, покажа на инстаграм-профилот Saseks Rojal, а сите го коментираат нејзиниот стајлинг за оваа пригода.

Војвотката облече тесни фармерки, салонки во беж боја и пругаста кошула од лен, која трендсетерките ја разграбаа во рекордно време.

Станува збор за парче од брендот со интересно име With Nothing Underneath, кој стана мошне популарен токму поради Меган.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.