Лежерно издание на првата дама: Меланија прошетала во фустанот кој моментално е најголем моден хит!

Промена на стилот

Не сме навикнати да ја гледаме во вакви изданија

Изгледа дека првата дама на Америка полека се откажува од гламурозните тоалети, па сè почесто можеме да ја видиме во рамни обувки и лежерни фустани.

Таа овој викенд имала полни раце работа. Со сопругот Доналд Трамп била на посета кај пожарникари, медицински лица и полицајци, за да им дадат помош во форма на маски, ракавици и средства за дезинфекција.

За оваа пригода го одбрала моментално водечкиот модел на фустан. Станува збор за крој кој потсетува на кошула и кој за многу кратко време ги освои срцата на сите дами.

Причината зошто моментално е на врвот на модните листи, секако, е и неговата моќ да ги покрие сите недостатоци, а особено оние на колковите, но успешно ги маскира и вишокот килограми на бутовите, и може од секоја фигура да направи форма на песочен часовник.

Меланија во согласност со убавото време, се одлучила за ведра, светло сина боја на фустан, со кој обула и бели балетанки.

Иако стајлингот не е гламурозен, како што сме навикнале, секако заслужува висока оценка. Дали ви се допаѓа?

Најбараниот фустан за лето 2020: Удобен, елегантен, шик!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.