Лежерно а женствено: Меланија Трамп во тегет од глава до пети!

Враќање од одмор!

48-годишната прва дама за враќањето во Вашингтон се одлучила за женствена варијанта

Меланија Трамп се вратила од краткиот одмор што го поминала со семејството во нивниот летниковец Мар а Лаго на Флорида, а враќањето во Белата куќа не можело да помине без фотографите кои ја фотографирале убавата прва дама во лежерно, но женствено издание.

Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп заедно со синот Барон отишле на викенд во нивниот летниковец кој Трамп го купил уште во 1985 година, а колку обожава да поминува време таму докажува и фактот што не се откажал од овој луксузен имот во ниту еден од неговите два развода.

Меланија за патувањето Палм Бич одбрала елегантен кафеав капут со двојно закопчување, дизајниран од страна на прославената дизајнерка Роксанда Илинчиќ, а го искомбинирала со високи чизми на пета во иста нијанса со потпис на брендот Џанвито Рози. За овој беспрекорен стајлинг најмногу допринела црвената чанта Биркин.

48-годишната прва дама за враќањето во Вашингтон се одлучила за подеднакво женствена варијанта, но наместо фустан и здолниште, овој пат одбрала лежерни сини панталони со рамен крој, високо сечени над глужд во кои ретко кога можеме да ја видиме.

Меланија ги искомбинирала панталоните со темносин џемпер, долг капут во иста нијанса и потпетици со шпицест врв, од кои не се откажува дури ни за време на приватните патувања.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.