Летни модни заповеди за дамите во 50-те години: Добро облечената жена никогаш не ги крши овие правила!

Модни правила

Мора да постојат одредени правила за да изгледате совршено во секој момент

Што се однесува до модата, во 20-те години сѐ е дозволено, меѓутоа зрелите години со себе носат и одредени правила. Ниту едно парче не е забрането, само неопходно е да се модификува начинот на кој се комбинира.

Жената што ја краси добар стил, во секој момент се води според овие правила…

1. Почнете со добра долна облека

Едноставната долна облека со боја на кожа, која истовремено дава добра потпора, е пожелна бидејќи нема да се гледа низ летната облека, која најчесто е од потенки материјали, и така да го расипе стајлнгот. Ако имате недостатоци што сакаата да ги скриете, гаќите со мидер се идеални за израмнување на стомакот и за да прибирање на потенцијалните „витки“.

2. Пристојна должина

Кога ќе пристигнат тие фамозни 50-ти години, повеќето жени ги исфрлаат кратките работи од гардероберот, но нема потреба за тоа. И понатаму можете да носите вакви парчиња облека, единствено што мора да го испочитувате е должината. Таа нека биде до или малку над колена.

 

3. Стратешко облекување

Доколку носите пократко здолниште, внимавајте горниот дел да не е нападен, бидејќи длабокото деколте во овој случај ќе изгледа вулгарно и нималку привлечно. Од друга страна, доколку се одлучите да ги нагласите градите, надополнете ја комбинацијата со панталони или долго здолниште.

https://www.instagram.com/p/B8T04nOCa5M/?utm_source=ig_embed

4. Не купувајте гардероба која не ѝ ласка на вашата фигура, дури и да е во тренд

Ова правило важи за секоја возраст. Нека не ве привлекува некое парче само затоа што е во тренд. За да оставите впечаток на добро стилизирана жена, гардеробата мора да стои како сошиена за вас.

5. Не плашете се од боите

Боите не се резервирани само за помлади девојки. Не двоумете се дали и во 50-ти години да облечете комбинација со ведри и јаки бои. Во посветли нијанси ќе изгледате помладо. Без дилема, овие нијанси секогаш се подобра опција од темните бои, како црната или сивата, а летото е идеално време за таква гардероба.

6. Не купувајте работи со лош квалитет

Основната причина зошто некој стајлинг изгледа евтино се парчињата со лош квалитет. Секогаш е подобро да купите една маица и да инвестирате некој денар повеќе, отколку да имате неколку парчиња кои не изгледаат толку добро.

https://www.instagram.com/p/B1l7GhphpUI/?utm_source=ig_embed

Најлошите трендови од 2000-те се враќаат во мода: Зошто?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.