Купувајте помалку: Легендарниот супермодел од 1990-тите открива 5 парчиња што секоја жена мора да ги има!

Керолин Марфи

Како бројни колешки од модните писти, американската супермоделка Керолин Марфи исто така се испроба во дизајнерските води, а резултат на тоа е колекцијата во соработка со хит-брендот Mother, специјализиран за фармерки

Почетокот на вртоглавиот успех на Керолин Марфи дефинитивно е во 1995 година кога славната Ана Винтур и Стивен Мајсел ја фотографирале за американскиот „Вог“, а потоа дизајнерските брендови „Долче и Габана“, „Макс Мара“ и „Келвин Клајн“ ја ангажирале во своите модни кампањи.

По потекло е од Флорида и таа е припадничка на златната генерација супермодели од 1990-те, а последниве години не ја крие својата посветеност на околината и одржливоста, која ја поставила како приоритет.

 

Во соработка со брендот Mother, Марфи претставила колекција составена од потполно рециклирани материјали, а која вклучува 14 парчиња, како јакни во „пачворк“ стил, фармерки и везени машки кошули со американска естетика.

За модата и еколошката одговорност, Марфи проговорила за париското издание на „Вог“, нагласувајќи дека секогаш одбира квалитет пред квантитет, кога станува збор за облекувањето, за кое инспирација првенствено добива од лудите 1970-ти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolyn Murphy (@carolynmurphy)

На прашањето што би ги советувала оние што сакат да градат кариера во модната индустрија, Марфи изјавила дека првенствено важно е образованието, но и визуализацијата на сето тоа што сакаат да го постигнат во улога на модели во период од 5 до 10 години.

„Никогаш немојте да се плашите да ги искажете своите потреби желби, останете си верни на себе и забавувајте се“, се зборовите на супермоделот од 1990-тите, која имала совет и за сите оние што сакаат повеќе да се грижат за околината и одржливоста:

„Купувајте помалку гардероба и одбирајте винтиџ парчиња. Насочете го својот фокус кон квалитетот и секогаш донирајте или разменувајте облека со пријателите и семејството“, рекла Марфи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolyn Murphy (@carolynmurphy)


Со долгогодишниот стаж во модната индустрија, Марфи имала можност да учи од водечки имиња во светот на модата, а на прашањето кои се петте парчиња што секоја жена би требало да ги има во плакарот, на прво место ги ставила винтиџ-фармерките, а вака изгледа нејзината финална листа:

  • Винтиџ фармерки
  • Бела кошула
  • Убаво сако
  • Фустан со „слип“ крој
  • Пар безвременски чизми до глуждови
Деми Мур демонстрира како се носи ретро-принт (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.