Кралицата Летиција во деловен стајлинг: Нејзиниот стил е пример за безвременска елеганција!

Прекрасна!

Деловно, елегантно, умерено – ништо помалку не ни очекувавме од прекрасната кралица Летиција

Шпанската кралица Летиција отишла во Милагро за да го обележи почетокот на новата училишна година. Секако, безбедноста секогаш е на прво место, па така воопшто не ја симнувала заштитната маска целото време додека се дружела со учениците и наставниците од училиштето во кое била гостинка.

https://www.instagram.com/p/CFL2zvKn3tz/

Кралицата Летиција (47) за оваа пригода облекла совршен комплет кој лесно може да биде инспирација за деловен стајлинг за првите есенски денови. Имено, деловниот стајлинг на убавата кралица се состоел од сива блуза без ракави, кој го носела првпат уште во 2018 година, како и едноставни црни панталони и омилените еспадрили – овој пат во црна боја.

https://www.instagram.com/p/CFK4qfoHuXd/

Овој пат, фризурата на кралицата била многу опуштена, а стајлингот го надополнила со накит во златна боја.

https://www.instagram.com/p/CFKSNNmHZaD/

Деловно, елегантно, умерено. Како ви се допаѓа ова издание на кралицата Летиција?

Црно од глава до пети: Кралицата Летиција уште еднаш докажала дека е модна икона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.