Кралицата Летиција облекла 2 стари фустани и ги воодушевила Хрватите: Блеснала во рециклиран стајлинг!

Секоја чест

Кралицата Летиција уште еднаш ја оправдала титулата „една од најмодерните дами на светот“

Кралот Фелипе моментално е на официјална посета во Хрватска со сопругата, а симболично одлучиле да дојдат токму годината кога се обележуваат 3 децении од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Хрватска и Кралството Шпанија. Како и секогаш, шпанската кралица Летиција ги оставила сите во сенка со својот елегантен и префинет изглед.

Претседателот на Република Хрватска Горан Милановиќ и првата дама Сања Мусиќ Миловановиќ приредиле свечена церемонија во претседателската палата во Загреб, по повод нивното прво доаѓање во соседната земја.

Во прв план биле комбинациите на кралицата, па се чини дека првата дама на Хрватска не успеала да дојде до израз. Меѓутоа, Летиција овој пат ги изненадила сите со модниот избор. Имено, таа се одлучила за два стајлинга што веќе ги има носено, и тоа на многу важни настани.

За самиот дочек го одбрала истиот фустан што го носела на комеморацијата на принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина минатата година. Станува збор за темнозелен фустан со долги ракави, што го надополнила со елегантни стилето чевли.

Потоа, дамата со беспрекорен стил, која своевремено се има најдено на листата на 10-те најдобро облечени жени на светот, за вечерата во претседателската палата се преслекла во, исто така, проверена комбинација што ја носела претходно оваа година во Барселона.

Својот елегантен стајлинг секогаш го надополнува со ефектен накит и заблескува на посебен начин. Така направила и овој пат.

Елегантниот тегет миди-фустан со интересен крој кој малку го открива едното рамо, го надополнила со раскошни обетки кои му дале комплетно поинаква нота на целиот стајлинг.


Станува збор за креација на брендот Boüret што го носи името Luna Diamante, чија цена е околу 450 евра.

Во кое издание повеќе ви се допаѓа кралицата?

Летиција го носи НАЈМОДЕРНИОТ ЏEМПЕР сезонава, кој може да се купи за 1.200 денари: Ова парче облека може да се комбинира на милион начини, да се носи во сите пригоди и да изгледа КРАЛСКИ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.