Кралицата Летиција како барбика: Пристапен фустан и круна со непроценлива вредност!

Така се прави тоа!

Шпанската кралска двојка отпатувала во Шведска. Официјалната дводневна посета на кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести започнала со влез во Кралската палата во Стокхолм

Таму ги дочекало шведското кралско семејство, на чело со кралицата Силвија, кралот Карл Шеснаесетти Густаф, принцезата Викторија, принцот Даниел, принцот Карл Филип и принцезата Софија.

Потоа, Летиција и Фелипе се упатиле во Музејот на Нобелови награди во друштво на своите домаќини.

Како што обично се случува во ваквите пригоди, првиот ден од посетата завршил со свечена вечера организирана во палатата.

Кралицата Летиција била прилично мудра во својот моден избор, па на вечерата се појавила во фустан од еден од најпознатите шведски брендови. Секако, станува збор за H&M, а Летиција овој пат го носела нивниот балски фустан од линијата Conscious.

Долгиот волуменизиран темносин фустан од тил целосно е направен од рециклиран полиестер. Бил украсен со мали карнери, а на грбот имал длабок V-изрез и панделка. Со оглед на тоа што станува збор за стара колекција, фустанот повеќе не е во понудата на брендот.

Шпанската кралица Летиција во најпопуларниот зимски фустан: Полн погодок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.