Коженото здолниште во фокусот: Идеи за совршен есенски изглед!
Модна инспирација
Во овие комбинации сигурно ќе привлечете внимание каде и да се појавите
Оваа сезона кожата ќе биде водечки материјал. Од панталони, здолништа, па се до јакни, сите парчиња ќе може да се најдат и во кожена варијанта. Здолништата од овој материјал се многу ефективно парче и доколку добро се искомбинираат со останатата облека, комбинацијата може да изгледа беспрекорно.
Кожените здолништа оваа сезона не се резервирани само за вечерните излегувања. Модните експерти се едногласни: ваквиот модел може да го носите во сите прилика, од прошетка низ град, до деловен состанок.
Ви предлагаме неколку идеа за комбинирање на ова парче:
Оваа комбинација делува многу смело. Вака облечени, подготвени сте за успешен деловен состанок.
https://www.instagram.com/p/B1brHWEicFo/?utm_source=ig_embed
Со оваа комбинација нема грешка. Миксот од црна и бела секогаш е во тренд.
https://www.instagram.com/p/B1F_llEJsCQ/?utm_source=ig_embed
И моделите од превртена кожа се апсолутен хит. Искомбинирајте ги со џемпер или кошула и веднаш ќе добиете моќен аутфит.
https://www.instagram.com/p/B1iXkiNpE3J/?utm_source=ig_embed
Бидете смели и одлучете се за здолниште во интензивна или бела боја.
https://www.instagram.com/p/B1RY877HAcv/?utm_source=ig_embed
За одење на кафе со пријателката, одберете пократок модел во интензивна боја и искомбинирајте го со полежерни парчиња. Резултатот е феноменален.
https://www.instagram.com/p/Bhi8hHMBjEH/?utm_source=ig_embed