Костумот на Ева грми! Актерката прошета во врвна комбинација – сè е едноставно перфектно

Ева Лонгорија последниве години многу внимателно работи на својот имиџ, па ако не беше на листата на најдобро облечени жени во светот, сега е!

Холивудската актерка се прошета низ Њујорк во многу едноставна, но моќна комбинација, која на почетокот нè „купи“.

Ева избра феноменален костум со предимензиониран крој во многу специфична маслинесто зелена нијанса, а покрај тоа што е многу минијатурна и ниска, убавата 47-годишна актерка успеа да го извлече овој комплет, кој дефинитивно е поблагодарен избор за малку повисока дама.

Но самоуверениот однос на латино-дивата придонесе таа да изгледа многу добро во овој елегантен и деловен костум, кој е одлично решение за сите деловни дами. Но, во исто време, може да изгледа добро за вечера и ручек, а костумите генерално се голем тренд во изминатите неколку сезони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.