Кошула: за сите времиња

Модни совети

Идеална и за на работа и за излегување, дава чувство на моќ, ја истакнува женственоста, ја подига самодовербата и го дефинира стилот. Еве уште неколку факти за ова парче облека…

1 ТАЈНАТА НА ДОБРИОТ КРОЈ

Кошулата треба да е комбинација на добра идеја, искусен дизајн и квалитетен материјал. Добрата игра со јаките, манжетните и линијата на телото навистина прави разлика. При дизајнирање, важно е да се имаат предвид различните типови на женското тело.

2 ШИРОКА

Овој модел е применлив во различни стилови. Може да се носи вовлечена од едната страна во панталоните или во здолништето, или сосема опуштено, со откопчани и подвиткани ракави, струкирана со ремен, но и како јакна или фустан.

3 СТРУКИРАНА ВАРИЈАНТА

Најчесто се носи под сако, така што ќе дојде до израз јаката, а поради тесниот крој, убаво ја обликува фигурата. Добро изгледа и во кежуал-комбинации, со фармерки и патики.

4 КАКО ДА ИЗБЕРЕМЕ МОДЕЛ?

Најважно е да се внимава на јаката, дали е висока или ниска, или се работи за модел без неа, потоа на манжетните, должината и, се разбира, на линијата на половината, како и на кројот.

5 МАКСИ-ДОЛЖИНА

Кошулата што повеќе потсетува на фустан може да се носи токму така – со ремен или без ремен. Одличен елемент за постигнување слоевит изглед, во комбинација со панталони и горни делови со различна должина.

6 КАКО МАИЦА

Под џемпер или дукс, со подвиткани ракави – за подраматичен ефект, со панталони високи во половината, омилените фармерки или со здолниште – кошулата-маица може да замени секаква блуза. Се носи во сите пригоди.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.