Комбинација што се издвојува од толпата: Оваа зима заборавете на старите модни правила!

Ова правило веќе не важи

Ел Фенинг се појавила во комбинација што остава неверојатен луксузен печат

Има нешто неодоливо во начинот на којшто Ел Фенинг носи бои или попрецизно, отсуство на бои.

Актерката, позната по својот беспрекорен стил, овој пат одбрала монохроматски изглед кој е пример за тивок луксуз и елеганција без напор. На својата прошетка низ Њујорк, таа заблескала во беспрекорно скроен капут во боја на ванила – парче што истовремено изгледа и нежно и моќно.

Комбинацијата на светли нијанси ѝ помогнала да се издвои од толпата: широки панталони со висок струк, свиленкава блуза во најблескавата нијанса на сина и капут кој лежерно паѓа и го следи секој нејзин чекор. Целиот изглед го заокружила со торба „Кампана“ со плетена текстура од брендот „Ботега Венета“, во темна чоколадна боја и крем салонки, со што потврдила дека зимскиот стајлинг може да биде неверојатно добар и без темни тонови.

Белиот капут каков што го носи Ел Фенинг е вистински одраз на луксуз што не се наметнува и кој привлекува погледи, благодарение на својата префинетост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᒪᗩᒪᗩ🦋 (@elledailynews)

Ако мислите дека не можете да носите бела во зима, заборавете на ова правило.

Иако модните правила некогаш налагаа да се одбегнуваат светли тонови во зима, современата мода одамна не му обрнува внимание на тоа. Денес, нијансите на слонова коска, шампањ и ванила се синоними за стил кој зрачи со луксуз и убавина.

Ел совршено ја доловила естетиката на тивкиот луксуз, тренд што молскавично го освои светот. Тоа подразбира мода без логотипови, квалитет пред квантитет и кроеви што ѝ ласкаат на фигурата.

Светлите тонови веќе не се резервирани само за пролет и лето. Напротив, токму за време на зимските месеци што ни претстојат, кога небото е обоено со сиви нијанси, белата и нејзините варијации даваат свежина и префинетост. Ако постои едно парче што секоја жена треба да го има во својот плакар оваа сезона, тоа е елегантниот, добро скроен бел капут, бидејќи ништо не изгледа полуксузно од едноставноста во нејзината најчиста форма.

ФОТО: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе