Која е вистинската боја на облека за вашиот тен?

Фото: Getty Images

Излезете од неутралниот колорит и изберете ги вистинските бои за вас. Клучот е во усогласувањето на бојата на облеката со бојата на тенот

Исто како и при изборот на шминката и бојата на косата, клучот во пронаоѓањето на омилените бои почнува со тонот на кожата. Бојата на коѓатаможе да се групира во три категории: топла, ладна и неутрална.

Можеби не знаете на кој тип му припаѓа вашата боја на кожата. Во тој случај, еве како да ја препознаете:

Топол тен: кожа со зеленест или жолтеникав поттон. Тука спаѓаат сите дами чија кожа има нежно маслинеста боја. Ако го имате овој тип кожа, можете да се пофалите дека имате нешто заедничко со Џенифер Лопез.

Ладен тен: кожа со син поттон. Туѓа спаѓаат дамите што имаат или многу светла или многу темна кожа. Важно е кожата често да изгледа како да ви студи. Погледнете ја Никол Кидман и ќе знаете дали му припаѓате на овој тип кожа.

Неутрален тен: во оваа група спаѓате ако не можете со сигурност да кажете дали сте топол или ладен тип кожа. Неутрален тип е Џулија Робертс, на пример.

Вистинската боја на облека за лицата со топол тен

Ако имате топол тен, за вас се како создадени следниве бои:

inarik/iStock/Getty via Guliver

 

 

– портокалова

– златно жолта

– боја на килибар

Исто така, можете да ги користите и боите од студениот дел на спектарот, но држете се до топлите нијанси на зелената и сината.

Добредојдени се и маслинестата и тиркизната боја. Можете да ја користите и пурпурноцрвената боја.

Од неутралните бои за вас се создадени крем, боја на топло чоколадо, снежнобела и млечнобела.

Требада ги избегнувате рубин-црвената и бојата аметист.

Вистиснката боја на облеката за лицата соладен тен

Ако имате ладен тен, за вас се како создадени следниве бои::

inarik/iStock/Getty via Guliver

 

– светлосина

– кралски-сина

– темновиолетова

– боја на аметист

– боја на лаванда

Од боите од топлиот спектар можете да ги користите пинк, бојата на рубинот и светлорозовата боја.

Кога станува збор за неутралните нијанси, држете се до морнарскосината и чисто-белата боја.

Боите што никако не и смееле да ги носите се портокаловата и жолтите нијанси, наменети за луѓето со топол тен.

Вистинската боја за лицата со неутрален тен

Ако имате неутрален тен, за вас се како создадени следниве бои:

alexandr_1958/iStock/Getty via Guliver

 

 

– боја на кајсија

– нежно розова

– боја на жад

– светловиолетова

– пастелносина

Од неутралните нијанси за вас се препорачуваат сите нијанси на сивата, како и сите валкано-бели и беж-варијанти.

Боите што не би смееле да ги носите се премногу интензивните: црвена и жолта.

Ако баш сакате да го носите, одлучете се за глиста-црвената или за бојата на изматено јајце.

 

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.