Кога принцеза Дијана ти е пример, нема шанси да згрешиш: Кејт Мидлтон е кралица на префинетиот шик!

Вистинска дама со стил

Без грешка реди успех по успех

Принц Вилијам и Кејт Мидлтон вчера ја завршија тридневната посета на Ирска.

За последниот ден од гостувањето во земјата на пивото и детелината, војвотката од Кембриџ ја одбрала препознатливата зелена боја на оваа симпатична земја.

https://www.instagram.com/p/B9YzwfwHHCe/

Прво посетиле еден традиционален ирски паб во градот Галвеј, а потоа пеш се упатиле на Изложба на европската престолнина на културата Галвеј 2020.

Тоа било можност војвотката да го соблече совршено скроеното палто со маслинесто зелена боја што го носела надвор и да го покаже совршениот, разигран светлозелен фустан во А-крој.

https://www.instagram.com/p/B9Y1pwgnLhW/

Симпатичниот фустан го искомбинирала со високи чизми со потпетица од антилоп кожа и црн ремен кој го нагласил нејзиниот исклучително тенок струк.

https://www.instagram.com/p/B9Y3STXn7f8/

Војводата и војвотката во оваа пригода одбрале нешто што досега никогаш не го правеле – жонглирање. Кејт уживала ракоплескајќи му на својот сопруг кој едвај се снаоѓал со жонглерските топчиња.

Освен на со зелената боја, за крајот на посетата Кејт и’ оддала почест на оваа земја и со накит украсен со детали во форма на детелина, која е еден од препознатливите симболи на Ирска.

https://www.instagram.com/p/B9Y1a9_n1sK/

И вечерта целото внимание било насочено на убавата војвотка, а денес сите модни магазини пишувале за сличноста меѓу стилот на Кејт Мидлтон и стилот на нејзината покојна свекрва принцезата Дијана, поточно за речиси идентичниот розов фустан со црни точки.

https://www.instagram.com/p/B9YuPHNHTu0/

Станува збор за модно парче со потпис на модната куќа Оскар де ла Рента со впечатлива јака и со црни краеви на ракавите, кое се споредува со розовиот фустан што Дијана го носела во посета на Рим во далечната 1985 година, додека се’ уште била во брак со принц Чарлс.

https://www.instagram.com/p/B9YlhRTnbM3/

За разлика од Дајана, чија комбинација тогаш била монохроматска, Кејт одлучила да направи одличен контраст на розова и црна боја, па понела црн ремен, црни салонки со висока потпетица и црна плик-чантичка.

Косата што видливо ја потстрижала и ја претставила токму на посетата на Ирска, за оваа пригода ја собрала во елегантно високо опавче, а оваа фризура несомнено и’ го отворила лицето и ја нагласила нејзината природна убавина.

Која комбинација повеќе ви се допаѓа – зелената или розовата?

ФОТО: Инстаграм

Погледнете каков беше стајлингот на војвотката и на вториот ден од посетата на Ирска.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.