Кога Јелена Карлеуша ќе се дотера за излегување, тоа изгледа вака (ФОТО)

Мини-фустан, интересно деколте и асиметрија

Јелена Карлеуша (42) сподели фотографии од роденденот на блиска пријателка. Во согласност со свечената пригода, популарната пејачка се определила за елегантен фустан, но во свој стил: смел и посебен

Имено, Карлеуша се појави во виолетов мини-фустан, кој ѝ беше прилепен за телото, украсен со необични детали: интересен изрез во пределот на градите и само еден долг ракав со акцент на рамето. Станува збор за парче што изискува беспрекорна става, со која пејачката може да се пофали, а фустанот го искомбинира со металик-сандали на платформа и високи потпетици.

 


Косата ѝ беше пуштена слободно да ѝ паѓа во бранови, а во шминката доминираа nude-нијанси.

 

 

View this post on Instagram

 

ME, LOOKING FOR FUCKS TO GIVE 👀🤷🏼‍♀️👀🤷🏼‍♀️👀 …. still looking 🤷🏼‍♀️

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.