Клучно парче за совршен есенски стајлинг: Овој крој на здолниште одлично му стои секому!

Задолжително набавете го ова парче

Модел како создаден за есенските денови

Оние парчиња што ги купуваме и ги носиме безброј пати, во разни пригоди и комбинации, се најдобрата инвестиција. Токму такво парче е здолништето со А-крој до колена. Нема сомнеж дека ќе стане вистинска есенска униформа од која нема да излегуваме.

Оваа разиграна креација е апсолутен есенски хит. Многу лесно се комбинира, а добро ѝ прилега на секоја градба. Ги нагласува облините, а истовремено ги крие вишокот килограми на проблематични места.

Одлично оди со џемпери или ролки. Кога станува збор за обувките, можете да го носите и со рамни чизми, но и такви со потпетица. Совршено изгледа и во комбинација со патики.

На улиците може да се видат многу дами во стајлинзи во кои главната улога ја игра токму ова здолниште.

Ви носиме неколку предлози како можете да го носите ова парче сезонава…

Зимски трик што ќе го подигне секој стајлинг: Оваа сезона, џемперот го носиме ВАКА!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.