Кендал Џенер заблескала во фустан за принцези!

Раскош!

ФОТО: Profimedia

Кендал Џенер, една од сестрите Кардашијан, освоила многу модни писти ширум светот и станала муза на бројни познати дизајнери

Еден од светски најпознатите хуманитарни настани Amfar Gala Cannes се одржува за време на Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Целта на овој настан е да се соберат средства за истражувачки програми, кои помагаат во борбата против сида и ја зголемуваат свеста за оваа болест.

Гламур, светки, познати актери, супермодели и висока мода го обележија Кан. Овогодишната свеченост беше најспектакуларна досега благодарение на соработката помеѓу познатиот бренд H&M и италијанскиот дизајнер Џанбатист Вали.

Италијанскиот дизајнер ја претставил својана нова линија фустани за забава. Уште од 25 мај, неговите креации се достапни на сајтот и одбрани продавници H&M ширум светот.

https://www.instagram.com/p/Bx0TMJrh_o2/?utm_source=ig_embed

Црвениот тепих заблескал под чекорите на Кендал Џенер.

„Кендал… не е само супермодел, таа е ѕвезда. Таа има таква привлечност. Таа е икона“, рекол Џанбатист Вали.

Долгиот фустан сите ги оставил без здив. За само неколку часа, 111 милиони обожаватели на Кендал Џенер на Инстаграм реагирале на фотографијата од настанот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.