Кендал Џенер го облекла најлелеавиот фустан во кој ќе се вљубите на прв поглед: Кога ќе видите како го искомбинирала, ќе го засакате уште повеќе!

Пролетно издание

Цветните мотиви и оваа пролет ќе бидат вистински моден хит на кое било модно парче, а популарната трендсетерка Кендал Џенер многу добро го знае тоа

Американскиот модел и помлада сестра на Ким Кардашијан, Кендал Џенер (25), прошетала во вистинско пролетно модно издание.

Иако не е голем љубител на романтичните фустанчиња, Кендал одбрала креација што веднаш го привлекува вниманието дури и на оние дами што претпочитаат спортски или лежерен изглед.

Станува збор за свилен розов фустан, со потпис на брендот „Родарте“, со прекрасен детаљ во вид на „паф“ ракави. Овој фустан нашол место во актуелната колекција за пролет/лето 2021 година, а Кендал го искомбинирала со каубојски чизми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Иако Кендал претпочита моден минимализам, а особено урбан уличен стил, очигледно е дека овој модел ѝ паднал в очи, па нема сомнеж дека одлично ѝ стои ова модно издание.

Совршен пролетен стајлинг: Ријана ги воодушевила модните критичари во комбинација на двете најубави пастелни бои
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.