Кели Брук во најудобниот летен модел на фустан: Секоја жена треба да го има во својот плакар!

Папараците ја фотографирале

Прозрачниот материјал е спас за горештините, а поради памучниот материјал и лежерниот крој ќе ви биде максимално удобно

Британската манекенка, актерка и водителка Кели Брук (40) важи за една од најсексапилните жени.

Дамата која во 2016 година беше прогласена од страна на машката публика за жена со најпожелното тело на светот, привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави.

Папараците ја фотографирале во близина на својот дом во Лондон откако излегла од радиското студио.

https://www.instagram.com/p/CBv7DU-FoBM/

Кели чекорела облечена во бел летен фустан, познат и како кошула-фустан, бидејќи визуелно потсетува на кошула поради препознатливата јака и начин на закопчување.

Памучниот фустан со додаток во форма на ремен околу половината, се смета за најудобниот летен модел.

Уште една модна икона: Кралицата Максима од Холандија во фустан кој не знае за години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.