Кејт Мидлтон во веќе видена комбинација: Изгледот го заокружила со чантичка во стилот на Меган Маркл!

Модна комбинација што се враќа во мода!

Кејт Мидлтон ја воодушевила Шкотска со својот моден избор

Принц Вилијам и Кејт Мидлтон  присуствувале на службеното отворање на првиот музеј за дизајн во Шкотска.

За својот прв заеднички ангажман во новата година, Кејт одбрала капут-фустан во каро дезен со потпис на Александар Меквин, со кој им оддала почест на шкотските домаќини.

Кеј Мидлтон веќе неколку пати била видена во оваа креација, а првпат ја носела во ноември 2012 година за време на посетата на градот Сент Ендру и на Божиќ во 2013 година во Сандрингам.

Веќе видениот капут-фустан, Кејт Мидлтон овој пат го искомбинирала со црни чевли и смарагдно-зелена чантичка со потпис на брендот Ману Ателје.

Во чест на отворањето на музејот во Шкотска, Кејт Мидлтон имала прилика да одржи краток говор со кој го покажала својот голем интерес за визуелната уметност и ја нагласила вредноста на оваа јавна установа.

По посетата на музејот, принц Вилијам и Кејт Мидлтон се сретнале со работниците од локалната фабрика за да видат како влијаела врз нив веста за скорешното затворање на погонот.

Доколку ви се допаѓа стилот на војвотката од Кембриџ, погледнете ги и овие 3 совршени зимски комбинации на Кејт Мидлтон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.