Кејт Мидлтон во бел фустан: Критичарите потврдиле дека изгледа моќно!

Стајлинг без конкуренција!

Војвотката овој пат одбрала модел на фустан со потпис на Александар Меквин

Војвотката од Кембриџ го украла шоуто кога се појавила во фустан на Александар Меквин на доделувањето на наградите BAFTA.

Кејт и Вилијам се прошетале на црвениот тепих како филмски ѕвезди, а војвотката носела чевли Џими Чу што чинат околу 600 евра.

Британските медиуми воодушевено пренеле дека Кејт го носела накитот на покојната принцеза Дијана за оваа прилика.

 

Занесната војвотка го надополнила својот гламурозен изглед со белезица што ѝ припаѓа на кралицата Елизабета, а очите ги нагласила со темна сенка, додека на усните ставила розов кармин.

Вилијам и Кејт цела вечер го привлекувале вниманието на присутните. Воодушевено се насмевнувале и на сите им го покажувале доброто расположение.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.