Кејт Мидлтон лансира два моќни тренда (ФОТО)
Совршени панталони и фризура што ќе ви ги решат сите маки
Кејт Мидлтон ја претстави својата градина на саемот Chelsea Flower Show, патем лансирајќи и два моќни тренда – совршени панталони, резервирани за девојките што имаат доволно самодоверба и смелост да го облечат, и фризура заради која најмногу и’ аплаудираат љубителите на естетиката во „Игра на престолите“.
Кејт се појави двапати на саемот, прво сама и во лежерно издание, а потоа со сопругот Вилијам и со кралицата Елизабета II. И токму во тоа лежерно издание се крие модниот предизвик на сезоната. Девојки, погледнете ги тие панталони!
Панталоните високи во половината со широки 3/4 ногавици се еден од најпопуларните кроеви оваа сезона, но многу жени ги избегнуваат, бидејќи во старт изгледаат како парче кое не му ласка многу на женстекото тело. Сепак, погледнете ги уште еднаш!
За својата втора посета на саемот, војвотката се дотера малку повеќе. Носеше долг фустан со цветен дезен и со детали од тантела на модната куќа „Ердем“, чија цена изнесува 3.920 долари, а го искомбинира со беж еспадрили на платформа, кои ги има со години. Сепак, вниманието од аутфитот го одвлекуваше нејзината романтична фризура.
Еден дел од косата на Кејт беше исплетен во плетенка, доволно лежерна за да изгледа како фризерот да не поминал многу време правејќи ја, а доволно интересна да ја споредуваат со фризурите на хероините од популарната ТВ-серија „Игра на престолите“.
Фото: Getty Images