Кејт Мидлтон ги освоила модните критичари: Уште еден стајлинг за чиста десетка!

Браво!

Уште еднаш одржала модна лекција

Војвотката не ја симнувала насмевката од лицето, а со изборот на стајлинг, уште еднаш ги освоила модните критичари, па ни овој пат не можеле да ѝ дадат помала оценка од чиста десетка.

https://www.instagram.com/p/CB9GEsdniOb/

Кејт Мидлтон, заедно со сопругот, ги израдувале децата со посебни потреби во Норфолк и со нив поминале едно попладне во дружење и уредување на градината.

https://www.instagram.com/p/CB8_W-UHJ-z/

Освен на децата, насмевки им измамила и на модните експерти кои го дочекале нејзиниот стајлинг со воодушевување.

Фустанот на Кејт Мидлтон е совршена комбинација на најголемите летни трендови: кратки „паф“ ракави, миди-должина, цветен дезен и пастелни нијанси, во кои доминира бојата на сезоната – виолетова. Освен тоа, исончаниот тен и светлите нијанси на гардероба одлично одат заедно во комбинација.

https://www.instagram.com/p/CB9GlpLH9p8/

Стајлингот го надополнила со еспадрили во крем боја, кои моментално се голем моден хит.

https://www.instagram.com/p/CB-kiHIqj-Q/

Што се однесува до шминката и фризурата, останала доследна на себеси. Природниот изглед е она по што е препознатлива.

https://www.instagram.com/p/CB9FIT_HQAO/

Ви се допаѓа овој стајлинг?

3 модни формули кои би ги позајмиле од Кејт Мидлтон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.