Кејт каква што сè уште не сме ја виделе: Убавата војвотка воодушевила со изборот на облека!

Феноменален изглед!

Кеј облекла нешто што кралицата Елизабета Втора никако не сака да го гледа на членките на кралското семејство – панталони!

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон ја посетиле воената база на военото воздухопловство во Кипар, каде што се дружеле со војниците кои нема да го поминат Божиќ со своите најмили.

Одлично расположени, војводата и војвотката од Кембриџ ги развеселиле британските војници со својата посета, а за оваа прилика Кејт облекла нешто што кралицата Елизабета Втора никако не сака да го гледа на припадничките на кралското семејство – панталони!

По гламурозниот фустан со потпис на дизајнерката Џени Пакам, што го носела во Бекингемската палата, убавата бринета овој пат одбрала нешто сосема поинакво.

Кејт Мидлтон била во центарот на вниманието благодарение на необичната комбинација во каква што никогаш не сме ја виделе. Војвотката од Кембриџ овој пат одбрала трендовски ѕвонарки кои ги искомбинирала со маслинесто-зелено сако од брендот Смит со златни копчиња.

Под сакото носела едноставна бела припиена маица, а изгледот го дополнила со детали како што е ремен со модерниот змиски дезен, потпетици од зелена брусена кожа и чанта со потпис Л. К. Бенет, со што одлично ја заокружила оваа комбинација.

Интересно е тоа што Кејт повторно го испочитувала својот омилен моден обичај: рециклирањето. Модните експерти веднаш забележаа дека го носела ова сако пред две години.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време