КАКО БОНБОНА! Џеј Ло во најромантичниот фустан годинава: Во вакво дамско издание одамна ја немате видено (ФОТО)

Едноставно, Џенифер Лопез изгледа преслатко!

Имено, пејачката  за прошетката во Капри, Италија, избра елегантна, женствена комбинација која маѓепсува со светлите бои и женственоста.

Убавата 53-годишна дама се вовлече во светлосин фустан со А-крој, на прерамки украсени со панделки, а погледите ги привлече не само симпатичниот, лелеав крој, туку и впечатливиот цветен принт во нијанси на црвена и темносина боја.

Изданието го комплетира со скапа чанта со кафени кожени детали од „Хермес“, како и сандали на вртоглаво висока платформа.

Џеј Ло се одлучи за златен накит и модерни очила за сонце, како и за едноставна, симпатична пунџа која совршено одговара со нејзиниот медитерански стајлнг.

Што мислите за нејзиното шик-издание?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.