Каде е црвениот тепих, таму се и најубавите тоалети: Почна 72. Кански фестивал!

Разгледајте ги!

Еве кои тоалети го обележаа црвениот тепих првата вечер од фестивалот

Актерите Шарлот Гензбур и Хавиер Бардем го отвориле 72. Меѓународен фестивал во Кан, на кој до 25 мај се очекуваат голем број ѕвезди, меѓу кои и Квентин Тарантино, Педро Алмодовар и Теренс Малик.

Актерското дуо на француски и шпански рекло: „Почна!“

Фестивалот ќе го отвори филмот „Мртвите не умираат“ од американскиот независен режисер Џим Џармуш, кој во 1984 година добил Златна палма за филмот „Почудно од рајот“.

Главната награда ќе ја врачи жирито чиј претставник е мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту. Во жирито, меѓу другите, се и американската актерка Ел Фенинг, францускиот автор на стрипови Енки Билал и режисерите од Грција и Франција, Јоргос Лантимос и Робен Кампијо.

Покрај Златна палма од 2000. година се доделува и „мини палма“, намален модел на Златна палма, за најдобар актер и актерка, како и наградата во секцијата „Одреден поглед“.

Во рамките на Канскиот фестивал се доделува и наградата Фрипеши, признание од меѓународното жири на критичари, односно Меѓународната федерација за кинематографија, како и Квир палма, независна награда за филм кој се занимава со прашања на ЛГБТ популацијата.

Еве кои тоалети го обележаа црвениот тепих првата вечер од фестивалот…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.