Јелена Ѓоковиќ никогаш не била поелегантна: Дама што може да го покори секој црвен тепих!

Едноставна и прекрасна!

Сопругата на најдобриот српски тенисер заблескала во полн сјај

На доделувањето на престижните спортски награди „Laureus“ српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освоил признанието за најдобар светски спортист во 2018 година.

Зад себе ги оставил капетанот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ, НБА ѕвездата Леброн Џејмс, светскиот првак во Формула 1 Луис Хамилтон…

Новак на доделувањето дошол во друштво на сопругата Јелена Ѓоковиќ која заблескала во многу елегантно издание. Под сивиот фустан со голи рамена, висок прорез и црн појас, носела мрежести црни чорапи и асиметрични потпетици во истата боја.

Нејзиниот накит бил многу децентен исто како и шминката, а кога станува збор за фризурата, се одлучила за лежерна плетенка.

Носела и прекрасна црна пелерина со панделка, украсена со светки што Јелена ја изоставила за време на позирањето на црвениот тепих, но затоа ја облекла кога се фотографирала со другите гости.

View this post on Instagram

#djokovicfamily #jelenadjokovic ❤

A post shared by Jelena Djokovic (Ristic) (@jelena_djokovic_) on

Ноле и Јелена се еден од омилените парови на светската јавна сцена, а нивните љубов и хармоничен брак се пример за многумина.

Тие не се срамат да си покажат нежност и љубов, па ни црвениот тепих не е исклучок, каде што пред неколку дена сите имале можност да видат како изгледа нивниот бакнеж.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време