Ја игнорирала Меган, па заблескала уште повеќе: Еве што правела Кејт по прославата на Денот на Комонвелт!

Кралската сина е нејзина боја

Домаќинка на свечен прием во Бакингемската палата

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, по обележувањето на Денот на Комонвелт со преостанатите членови на кралското семејство, присуствувала на 25-годишнината на детската хуманитарна организација Place2Be.

Прославата се одржала во Бакингемската палата, а домаќинката на приемот Кејт, ги воодушевила сите присутни со елегантната појава.

Имено, по впечатливиот црвен фустан во кој мамела погледи на свечената церемонија во Вестминстерската опатија, војвотката се преслекла во свечена тоалета во кралска нијанса на сина боја и заблескала во полн сјај.

https://www.instagram.com/p/B9hw5V1KFf_/

Тоалетата со изрез „чамец“ и светкавите детали на горниот дел веќе ги имаме видено на Кејт – ја носела на боливудската гала-вечера во Мумбај за време на кралската турнеја во Индија и Бутан во 2016 година.

Се верува дека фустанот е направен специјално за неа во Индија, а неговата вредност се проценува на 3.500 фунти.

https://www.instagram.com/p/B9lyvc9pxHF/

Стајлингот го дополнила со светкава плик-чантичка, елегантни обетки и еден впечатлив прстен.

https://www.instagram.com/p/B9lxdsvp9dF/

Како и обично, најубавиот украс на неа била блескавата насмевка, што не ја симнувала од лицето, а нејзината значајно пократка коса, која ја потстрижала пред тридневната посета на Ирска, паѓа во благи природни бранови и направила војвотката да изгледа неколку години помладо.

https://www.instagram.com/p/B9hxeCIqjsx/

ФОТО: Инстаграм

Погледнете и колку се разликуваат Кејт и Меган кога станува збор за нивните модни избори.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.